Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров: Потребно е лидерство и највисока одговорност од сите политички фактори

Димитров: Потребно е лидерство и највисока одговорност од сите политички фактори

Mинистерот за надворешни работи, Никола Димитров по средбата со претседателот на државата Ѓорге Иванов  вели дека за ова исклучително значајно прашање за разликата околу името, прашање што нѐ влече надолу и нѝ ја попречува иднината повеќе години, потребно е лидерство и највисока одговорност од сите политички фактори. 

Димитров, на денешната средба со Иванов информирал за содржината на последните разговори со МНР на Грција, Никос Коѕијас, во Њујорк и во Брисел.

„Доколку најдеме начин да го затвориме овој проблем со зачувување на идентитетот и достоинството, сите заедно, ќе бидеме на правата страна на историјата“ – изјави Димитров.

Претходно, Иванов по средбата со Димитров, на која е усно информиран за спорот со името, го истакна своето незадоволство од тоа како се одвивале преговорите со Грција.

„Целиот процес на разговори за разликата околу името наликува на личен договор меѓу премиерот Зоран Заев и премиерот Алексис Ципрас, за што нема обезбедено национален консензус во Република Македонија. Мојот став е дека не прифаќам решение за прашањето за името за севкупна употреба, или ерга омнес“- рекол Иванов. 

Како што соопштиваат од кабинетот на Иванов на средбата министерот Димитров „усно информираше за последните случувања поврзани со разговорите за прашањето за разликата околу името, без притоа да приложи каков било писмен документ“.

Слично

Поврзани вести