Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров: Подобро да бидеме изненадени од добар исход, отколку да бидеме разочарани

Димитров: Подобро да бидеме изненадени од добар исход, отколку да бидеме разочарани

За вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, сега е важно да се одржи средба со новата влада во Софија, која ќе ги даде натамошните насоки за надминување на билатералниот спор.

Тој вели дека за да не се разочараме, подобро да не очекуваме добар исход. 

„Одговорно е од нашата страна да упатиме апел до граѓаните дека е подобро да бидеме изненадени од добар исход, отколку пак да бидеме разочарани од лош исход“, изјави  Димитров во разговор за ТВ Клан Македонија.

Вели дека ова прашање стана европско, не е само билатерално прашање. 

„И во таа смисла има реален контекст да се дојде до нешто, мора да се обидуваме за вистински пробив“, рече Димитров. 

Вели дека не смееме, после целото искуство што го имаме да се врзуваме за датуми. Верува дека сигналите од Софија упатуваат дека очекуваат некаков процес. 

Инаку, бугарскиот претседател Румен Радев во Стразбур разговарал со францускиот претседател Емануел Макрон. Тој на Макрон му ја пренел позицијата на Бугарија дека очекува конкретни резултати во дијалогот со Македонија што ќе гарантираат европски вредности во почитувањето на човековите права, прекинување на говорот на омраза и заштита на бугарското културно-историско наследство во држвата.

Слично

Поврзани вести