Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров од Шпанија со најава за ратификација побавна од очекувањата

Димитров од Шпанија со најава за ратификација побавна од очекувањата

Министерот за надворешни работи Никола Димитров при вчерашната посета на Шпанија најави ратификација на пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО побавна од очекувањата на јавноста. Според информациите кои ги сподели шефот на македонската дипломатија, тоа ќе се случи дури на крајот на март.

„МНР Гонзалес на првиот ден како министер го доставила пристапниот протокол за членството на Северна Македонија во НАТО до шпанската влада. Утре протоколот е пред Комитетот за надворешни работи, а идната недела ќе биде на пленарна седница. Потоа постапката ќе продолжи во Сенатот. Се очекува дека ратификацијата ќе се заврши најдоцна до крајот на март“, објави Димитров на Фејсбук.

Во Мадрид тој имаше средба со министерката за надворешни работи на Шпанија, Аранча Гонзалес, и со претседателката на Долниот дом на Парламентот, Маричел Батет. Гонзалес наедно посочила дека Шпанија ја поддржува одлуката за отворање на пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ.

Македонското Собрание пред распуштањето веќе го ратификуваше членството во НАТО со одложено дејство и тоа ќе стапи во сила кога ратификацијата ќе финишира во Шпанија како последна земја-членка на Алијансата која уште го нема направено тоа, а потоа процедурата ќе биде верификувана во Вашингтон.

Слично

Поврзани вести