Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров очекува поддршка и од Макрон за почеток на преговори

Димитров очекува поддршка и од Макрон за почеток на преговори

  • Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров очекува дека земјава и од Франција ќе добие зелено светло за отпочнување преговори со ЕУ.

    „Јас искрено не можам да верувам дека еден од големите лидери на Европа би направил таква стратешка грешка“, изјави Димитров. 

    Потоа вели дека топката ќе се префрла на внатрешен терен и ќе мора да се креира нова политика

    Според Димитров, не може да не се охрабри еден добар тренд, а да има европеизација на Балканот. 

    Амбасадорот Кристијан Тимоние претходно рече дека Франција ќе ја следи одлуката на Германија, бидејќи нивните политики и ставови за земјите од Западен Балкан се синхронизирани.

    Димитров очекува поддршка и од францускиот претседател Емануел Макрон. 

    Германскиот Бундестаг веќе даде зелено светло за почеток на преговори. 

    Слично

    Поврзани вести