Димитров: Новата реформска влада силно ќе се заложи за Европска Македонија
Македонија целосно ќе се посвети на европскиот пат, а реформите кои треба да ги спроведе новата влада ќе ги вратат перспективите за граѓаните. Тоа ќе значи изградба на силни и професионални институции, поголема стабилност и решителност за правен поредок.
Ова се дел од заложбите на новата реформска влада кои ги претстави македонскиот министер за надорешни работи на Република Македонија Никола Димитров во рамки на состанокот на министрите за надворешни работи што се одржува во Брдо кај Крањ.
„Ги убедував моите колеги дека жедтта што постои меѓу македонската јавност, меѓу граѓаните, после овој кошмар низ којшто поминавме, за силни институции, за правда, за закон над политиката е голема шанса не само за Македонија, туку и за регионот како и за самиот процес на пристапување на којшто можеме да му дадеме смисла. Шансата е во тоа што новата реформска влада на Република Македонија е сериозно подготвена и цврсто решена од нашата Македонија да направи европска Македонија“, рече Димитров.
