Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров: Ние не сме супер сила, од нас зависи дали ќе не биде

Димитров: Ние не сме супер сила, од нас зависи дали ќе не биде

Mинистерот за надворешни работи, Никола Димитров во живо одговори дека од нас зависи дали ќе нѐ биде. 

Вакво прашање поставил граѓанин на Твитер. 

„Живееме во регион кадешто не се сите прашања решени. Сметаме дека треба да го фатиме возот за Европа. Ние сме тие коишто отидовме, подадовме рака“ - рече Димитров. 

Смета дека самите сме негувале едно чувство на немоќ. Рече дека ние не сме супер сила, и дека често мислиме дека ништо не зависи од нас. 

Рече дека ќе има дијалог за трговските марки и додека нема согласност праксата ќе биде таква каква што е. 

За јазикот Димитров кажа дека уште повеќе ќе биде афирмиран. 

Министерот вели дека мора да имаме европска Македонија, со еднакви шанси, правда. 

„Битката на нашата генерација е да го зачуваме тоа што го имаме“ - рече Димитров. 

За промени во учебниците вели дека овој процес го поминале сите држави кои се помирувале. Како пример ги наведе Франција и Германија. 

Слично

Поврзани вести