Димитров: Ние мора да ги ослабнеме тензиите меѓу Западот и Русија
Mакедонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров во интервју за германскиот весник „Велт“ вели дека Западот треба да ги подобри односите со Русија, но ова е можно само ако ситуацијата во Украина се промени.
„На долг рок, ние мора да ги ослабнеме тензиите меѓу Западот и Русија и да ја зајакнеме соработката со неа. Се разбира, условите за ова се воспоставување мир во Украина и зачувувањето на нејзиниот територијален интегритет“, изјави Димитров.
Тој смета дека односите меѓу Скопје и Москва нема да се влошат ако Македонија се приклучи кон НАТО.
Според него, да се биде дел од Северноатлантската алијанса не значи лоши односи со Русија.
Слично
