Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров наскоро ќе биде поканет во Атина

Димитров наскоро ќе биде поканет во Атина

По изборот на Никола Димитров како нов министер за надворешни работи се очекува неговата прва посета на соседна земја да биде најверојатно во Грција, бидејќи ќе добие покана од страна на неговиот колега Никос Коѕиас.

Коѕијас оваа подготвеност ја соопштил по средбата со храватскиот министер за надворешни, посочувајќи дека за ова го известил и Премиерот Заев во телефонски разговор.

- Неколкупати разговарав со господинот Заев и, денеска, откако ќе биде изгласана довербата на новата влада во Собранието, ќе го поканам мојот колега, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во Атина, за да разгледаме начини за интензивирање на соработката, но исто така да ги решиме сите дамнешни проблеми релативно и во духот на демократски консензус. Како што знаете, им кажувам и на моите студенти, како и во министерството, дека приказната мора да биде училиште, а не затвор. И ние сакаме нашиот сосед да го извадиме од затворот во кој сам се стави и да разбере дека дел од европската култура е културата на консензус и на компромис и во внатрешната политика и во соседството, рече Коѕиас.

Никола Димитров во првата изјава за медиумите веднаш по добиената доверба од пратениците искажа подговеност да гради добри односи со сите соседи на Република Македонија и токму кај нив ќе оди најпрво за да разговара за сите отворени прашања.


Слично

Поврзани вести