Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров на жестока собраниска седница - Тоа што вие сте го преговарале пет години, ние го имаме триесет дена

Димитров на жестока собраниска седница - Тоа што вие сте го преговарале пет години, ние го имаме триесет дена

Жестока дебата помеѓу членовите на комисијата за надворешна политика и министерот Никола Димитров, кој даваше отчет за досегашната работа. Посетата и односите на новата Влада со Атина и Софија беа темите кои ја вжештија атмосферата.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараа на јавноста и Собранието да им биде презентиран текстот на договорот кој македонската Влада планира да го потпише со Бугарија – барање кое треба прво да биде одобрено на владина седница.

„Граѓаните имаат очекување ова да се случи на транспарентен начин. Можеби е краток периодот, но досега не убедивте во јавноста дека настапувате транспарентно во овој процес“, изјави Никола Попоски, ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа што вие сте го преговарале пет години, ние го имаме триесет дена. Спомнавте јавност и зборувавте во име на јавноста, јас сакам министерството да го направам транспарентно и затоа ги декласификував документите кои сметаатм дека не треба да бидат класификувани, во смисла на патни трошоци“, изјави Никола Димитров, министер за надворешни работи.

Освен за договорот со Бугарија, пратениците ги вкрстија копјата и околу решавањето на спорот со Грција и деблокирање на евроинтеграциите. Според поранешниот министер за надворешни, Никола Попоски, единствена пречка која Македонија ја има на патот кон ЕУ е проблемот со името.

Спротивно на ова пак, Димитров тврди дека политиките на претходната власт единствено ја одалечиле земјата евроатлантскиот пат, а доказ за ова, вели се сите меѓународни извештаи, според кои Македонија во изминативе години бележеше слаби резултати.

„Од Атина се доби недвосмислен одговор, исто како што имавме добиено и претходно. Треба да направиме суштински отстапки, треба да постапките во насоките кои ние ви ги дадовме и во тој момент може да се отпочне европската и евроатланската преспектива  на Македонија“, изјави Попоски.

„Како нација сме исправени пред сериозен историски тест, дали ни е и колку ни е поважна иднината на следната генерација или колку ни е поважна античката Македонија“, изјави Димитров.

Димитров нагласи дека се отвара ново поглавје во македонската надворешна политика и ја повика и опозицијата да се приклучи кон зајакнување на односите и деблокирање на евроинтеграциите.

Извор: ТВ 24

Слично

Поврзани вести