Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров на состанок со Хан и Могерини

Димитров на состанок со Хан и Могерини

Никола Димитров, шефот на македонската дипломатија, денеска во Букурешт ќе одржи состанок со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, како и со министрите за надворешни работи на земјите кандидати. Домаќин на состанокот ќе биде Теодор Малешкану, министерот за надворешни работи на Романија, која е актуелен претседавач со ЕУ.

Состанокот започна уште вчера со неформални средби, а Хан информираше дека една од темите на денешниот состанок ќе биде редовен преглед на ситуацијата на Западен Балкан. 

„Ќе го прославиме она што го постигнавме со идна Северна Македонија. Тоа, се надевам, ќе придвижи понатамошна позитивна динамика во регионот и ќе стимулира повторно придвижување на дијалогот меѓу Белград и Приштина“, рече Хан. 

Со официјалниот собир ќе претседава Могерини.

Слично

Поврзани вести