Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров на попладневна средба со Могерини

Димитров на попладневна средба со Могерини

Доцна попладнево министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе има билатерална средба со високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, дознава МИА од извори во ЕУ. 

Засега не се открива точното време на средбата, ниту содржината на разговорите.

Утре наутро, Могерини најверојатно треба да ги брифира министрите на ЕУ за текот на преговорите за спорот со името, велат извори во ЕУ за МИА.

Министрите за надворешни работи на Грција и Македонија од Њујорк допатуваа во Брисел, но не се откриваат детали за нивна можна средба.

Извор: МИА

Слично

Поврзани вести