Димитров: На Македонија може да се научи лекцијата што не треба да му се прави на Западен Балкан
Македонија е пример како не треба да се спроведува процесот на проширување на ЕУ, изјави министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска на Блед на состанокот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.
Вели дека на Македонија може да се научи лекцијата што не треба да му се прави на Западен Балкан.
„Потпишавме спогодба во 2001 година, станавме кандидат пред 12 години и сите успеси од тогаш се игнорирани поради политичкиот проблем со една земја-членка на ЕУ. Потоа дојде до запирање на реформите и ескалација во која граѓаните влегоа во Собранието. Тоа е тоа што може да и се случи на една земја кога нема перспектива“ - изјави Димитров.
Димитров е категоричен дека Македонија е и пример што ќе се случи кога ќе се омекне извештајот за напредокот на државата, кога нема доволно искреност и еволуција на состојбата, како и кога една земја ќе ги запре реформите, пренесе Танјуг.
