Димитров: Могерини и Хан присуствуваа на потпишувањето зашто очигледно ја отклучуваме вратата за ЕУ
Во своето излагање на Комисијата за европски прашања, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, изјави дека ако сакаме да направиме сè што можеме за да го фатиме европскиот воз, потребно е навреме да ја информираме Грција за да го извести Советот на ЕУ дека ги повлекува забелешките.
„Могерини и Хан присуствуваа на потпишувањето зашто очигледно ја отклучуваме таа врата. Лично сум вклучен во прашањето од 2003 година. Додека бев амбасадор во САД, бев ангажиран да бидеме признаени под уставното име. Ова е мој трет најголем предизвик да бидам дел од Влада која во очи му погледна на проблемот“- кажа Димитров во обраќањето пред Комисијата.
Министерот додаде дека сите се патриоти, и оние што се согласуваат со договорот и оние против него. На Комисијата се присутни повеќе амбасадори.
