Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров: Мицотакис е од добро семејство, ќе имаме разбирање

Димитров: Мицотакис е од добро семејство, ќе имаме разбирање

"Грција покажа колку е важно една земја да се соочи со својот сосед", рече Никола Димитров во интервјуто за Editor Jurnal.

"Една од причините поради која е постигнат договорот е дека нашите општества имаат созреано, но исто така и лидерски способности демонстрирани од страна на оние кои се вклучени во проектот", додаде Димитров.

Запрашан дали стравува дека опозицискиот лидер Киријакос Мицотакис ако дојде на власт може да предизвика проблеми во европскиот курс на неговата земја, Димитров рече дека Грција има интерес ид "функционална европска демократска земја" на северната граница, додавајќи: "Се надевам дека, познавајќи ја традицијата на неговото семејството, можеме да имаме елементарно разбирање ".

Во врска со суштината на договорот, "веднаш по првите материјални придобивки од Преспанскиот договор", луѓето ќе почнат да се прашуваат зошто не го сторивме тоа во 1990-тите. Во исто време, "ја сменивме страницата, сега сме во сосема нова ера, но сега страницата е бела и ние треба да ја напишеме".


Слично

Поврзани вести