Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров: Mеѓудржавна напнатост никогаш немало, туку мажи од Македонија беа дел од бугарската армија

Димитров: Mеѓудржавна напнатост никогаш немало, туку мажи од Македонија беа дел од бугарската армија

Мажи од денешна Сeверна Македонија беа  дури и дел од бугарската армија, вели бугарскиот историчар Ангел Димитров. 

Работата на мешовитата Комисија за историја заглавена и не вродува со плод, а ги обвини македонските историчари дека наместо научен, имаат политички пристап во работата, изјави претседавачот од бугарска страна Ангел Димитров за БГНЕС.

„Имаме фундаментално несогласување со нашите колеги, и во Комисијата и на политичко ниво. Во Бугарија, се очекува ритмичката последователна работа да донесе промена во учебниците, но од друга страна дадени ни се несоодветни, неодржливи примери, како што беа некогаш комисиите меѓу Франција и Германија, на пример, и Германија и Полска кои решаваа сложени проблеми од минатото. Таквата логика е неодржлива, бидејќи меѓу овие земји, кои сакаат да ги расчистат своите историски проблеми кои се многу сложени, дури имало и војни. Таква меѓудржавна напнатост никогаш немало меѓу Бугарија и Македонија. Мажи од денешна РС Македонија беа дури и дел од бугарската армија“, вели Димитров.

Tврди дека македонските историчари дури одбиваат да ја прифатат дефиницијата за заедничка историја.

Од Бугарија деновиве имаше нова провокација. Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски се огласи со реакција откако вицепремиеорт на Бугарија, Красимир Каракачанов, објави честитка за 8 Март со географска карта од „Санстефанска Бугарија“ во која е опфатена и територијата на денешна Македонија. Му порачаа дека ваквите постапки не се во согласност со принципите на НАТО. 

Слично

Поврзани вести