Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров: Македонија не презела никакви дејствија за да ја шпионира Србија

Димитров: Македонија не презела никакви дејствија за да ја шпионира Србија

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, на прес-конференција денеска изјави дека Македонија не презела никакви дејствија и мерки за да ја шпионира Србија.

Тој вели дека доколку постојат недоразбирања, тие треба да се решаваат со дијалог.

Димитров изјави дека Владата ги поздравува намерите на Белград за враќање на состојбите во вообичаените рамки. Преку Амбасадата во Белград, Македонија побарала објаснување за настанот. 

„Во неделата, кога ја добив нотата од Србија, му се јавив на Дачиќ, но не успеав да го добијам. Телефонски побарав разговор и вчера. Најверојатно, утре ќе разговараме со колегата Дачиќ“- вели Димитров. 

Министерот вели дека биле изненадени од дипломатската нота на Србија, но сè уште не оствариле официјална директна комуникација за да разговараат за ова прашање.

Објаснува дека единствената офанзива на Македонија е во ширење контакти на Балканот, а во таа насока е и договорот за добрососедство со Бугарија, заедничка седница со Владата на Албанија и посетата на Грција. 

Слично

Поврзани вести