Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров лета за Шпанија да провери до каде е процесот на ратификација за членството во НАТО

Димитров лета за Шпанија да провери до каде е процесот на ратификација за членството во НАТО

Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија, на покана на министерката за надворешни работи, ЕУ и соработка, Аранча Гонзалес Лаја, соопштија од МНР утринава.

Како што се информира на агендата на разговорите на двајцата министри ќе се најдат прашањата за заокружувањето на процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство на нашата земја во НАТО, од страна на шпанскиот Парламент, соработката во рамките на евро-интегративниот процес на Република Северна Македонија, како и тековната состојба и перспективите за унапредување на севкупните билатерални односи.

Во рамките на посетата на Мадрид, министерот Димитров ќе се сретне и со претседателот на Долниот дом на шпанскиот Парламент, Меричел Батет.

Слично

Поврзани вести