Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИМИТРОВ КОНТРА САЛИУ: „И тоа пенкало ми е дома!“

ДИМИТРОВ КОНТРА САЛИУ: „И тоа пенкало ми е дома!“

Новинарот Фуркан Салиу вчера излезе со критики за говорот на премиерот Христијан Мицкоски за тоа дека тој никогаш нема да ги прими ДУИ во владата.
Тој напиша „Мицкоски ја започна кампањата за локалните избори на најлош можен начин. Во еден дел од изјавата зборува за принципи и програми, а во друг дел вели дека резултатот од локалните избори ќе треба да го убеди него за да ја прими ДУИ во владата.

Каква несмасна изјава! Со две реченици ја потврди тезата на ДУИ – дека граѓаните не ги бираат своите претставници во власта, туку Мицкоски.Тој ги „земал“ ВЛЕН, не дека Албанците ги избрале нив. Кога Стојан Андов јавно зборуваше дека во 90-тите направивме грешка со Албанците, го направи тоа со цел помладите генерации политичари да научат нешто. Мицкоски никогаш нема да успее да ја промени поновата историја на нашата – мојата држава. А во таа понова историја стои потписот на еден Албанец врз ратификуваниот протокол за членство во НАТО. И да – потписот на еден Албанец ќе стои и на договорот кој еден ден ќе ни обезбеди членство во ЕУ. Затоа што патриотизам значи да ги обезбедиш границите и иднината на твојата држава. Патриотизам не се празни зборови во кампања, ниту бугарски пасоши, фирми и банкарски сметки во „непријателски“ држави. Популизмот обично завршува со барање политички азил – поради „прогон“ од демократска држава“, напиша тој.

На ова остра реакција има поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, кој на тврдењето на Салиу дека потписот на документот за влез во НАТО  „стои потписот на еден Албанец врз ратификуваниот протокол за членство во НАТО“, вели дека треба да се зборува вистината.

„Би било добро, дури и тогаш кога не оди во прилог на нашите тези, да ја зборуваме вистината.  За ЕУ не знаеме сѐ уште, ама за пристапниот протокол за членство во НАТО, пенкалото ми е дома 

Да не зборувам која беше пречката за членството во НАТО.

И тоа пенкало ми е дома!

ПС: Во коментар слика, со првото пенкало.“, напиша Димитров.



Слично

Поврзани вести