Димитров ќе се сретне со Сијарто: Не треба да ја лутиме Унгарија
Никола Димитров, пефот на македонската дипломатрија, во Брисел на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО за прв пат ќе се сретне со Петер Сијарто, првиот дипломат на Унгарија, но за емисијата „360 степени“ меѓу редови рече дека не треба да се нарушуваат односите помеѓу двете земји пред зачленувањето на Македонија во Алијансата.
- А за средбата (со Сијарто н.з.) ќе биде малку слично на ова што го опишав. Ние имаме компатибилни интереси од една страна со Унгарија, таа е држава што долго време ја поддржува европската и евроатланската интеграција на целиот Балкан, меѓудругото во тие рамки и на Македонија. Од друга страна, имаме една крупна разлика во однос на целиот случај околу Никола Груевски. Јас мислам дека ние мора да продолжиме со сите правни средства, со сите политички средства, да се обидеме да го покриеме нашиот интерес, да го вратиме Груевски во системот на владеење на правото во Македонија, без притоа да го срушиме овој интерес каде што ни се поклопуваат ставовите со Унгарија. Особено месеци пред да зачекориме одлучно кон членството кон НАТО, да започнеме преговори со ЕУ итн – рече Димитров.
– Ние, за жал, дури и Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, меѓутоа и генерално, сите претставници на држави, во полето на меѓународни односи, немаме многу простор. Делуваме меѓу разни столбови коишто се интересите, меѓу принципи коишто се исто така на некој начин столбови, и во тие рамки, уметност на можноста е како да ја туркате работата кон своето, ама да не ги повредите столбовите - додаде Димитров.
