Димитров: Ќе се оди на зголемување на процентот на кариерни дипломати
Mинистерот за надворешни работи, Никола Димитров вели дека пополнувањето на дипломатската мрежа е приоритет на МНР, при тоа ќе се оди на зголемување на процентот на кариерни дипломати.
„Како МНР правиме сѐ бидејќи дека прво наследивме една многу тешка ситуација и сакаме што побрзо да ја пополниме дипломатската мрежа бидејќи надворешна политика не се води само во главниот град, не се води само на ниво на министер и дипломати во Министерството. Апсолутно е приоритет и правиме сѐ што можеме и да ја пополниме мрежата што побрзо, меѓутоа и да го подобриме процентот на кариерни дипломати бидејќи имавме тука една поразителна наследена ситуација“ - изјави Димитров на заедничката прес – конференција во Скопје со неговиот црногорски колега Срѓан Дармановиќ.
Тој рече дека има извесен застој, врзан со локалните избори.