Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров: Ќе се обидам да го затворам прашањето со Србија без голем скандал

Димитров: Ќе се обидам да го затворам  прашањето со Србија без голем скандал

Присуството на српскиот разузнавач и советник во амбасадата, Горан Живаљевиќ во македонското Собрание за време на нередите во април годинава е пример за мешањето на Србија во внатрешните работи на нашата земја, вели новиот  министер за надворешни работи, Никола Димитров.

Димитров вели дека ќе се обиде да го затвори  прашањето со Србија без голем скандал, но тоа не е добар почеток од другата страна. 

„Во Собранието практично дојде до државен удар кој пропадна. Не може вашиот претставник да биде дел од масата која влегла во Собранието и да тврдите дека не се мешате во внатрешните работи. Попластичен пример за мешањето во внатрешните работи на една земја не постои. Јас како дипломат во институциите на друга држава влегувам на главната врата“- изјави Димитров, пренесе српскиот портал КРИК.

Тој додаде дека не е добро изградбата на новите односи со Србија да започне со скандали.

Слично

Поврзани вести