Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров: Ќе направиме сe да нема дополнителни тешкотии во слободата на движење

Димитров: Ќе направиме сe да нема дополнителни тешкотии во слободата на движење

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вели дека Македонија внимателно го следи развојот на настаните со иницијативата на Европската комисија, граѓаните на трети земји на кои не им е потребна виза за влез во Европската Унија, од 2020 година да аплицираат за дозвола за патување пред да пристигнат во ЕУ. 

Димитров изјави дека „ако сакаме да бидеме дел од ЕУ и од шенген-зоната, тогаш слободата на движење е особено важна“.

„Ќе направиме сè да нема дополнителни тешкотии во слободата на движење. Ќе разговарам со сите мои колеги од регионот, да најдеме начин да укажеме дека дополнителни обременувања на слободата на движење не се корисни. Се надевам дека ќе наидеме на разбирање. Што конкретно ќе излезе од тоа, ќе видиме. Мислам дека е рано да се зборува за тоа што треба да се преземе понатаму“ – рече Димитров. 

Тој рече дека иднината на Балканот е во Европа и изрази благодарност за сè погласните пораки за интегрирање на регионот, но истакна дека е време на конкретни чекори.

Слично

Поврзани вести