Димитров: Ќе ја исправиме Македонија на нозе, па кој сака нека биде на власт
Денешната политичка ситуација во Македонија за жал потсетува на спорот меѓу двете мајки и мудроста на Кралот Соломон од Стариот завет. Ако треба и Македонија ќе ја срушат, само да биде по нивно, да нема одговорност, да биде нивна, напиша на својот фејсбук профил денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров.
„Две жени кои живееле во иста куќа родиле синчиња речиси истовремено. Едното синче починало, а мајката го заменила со синчето на другата мајка.Кога отишле кај Кралот Соломон тврдејќи дека се мајки на живото бебенце, Соломон предложил да го пресечат синчето на два дела и да земат по еден. Вистинската мајка вриснала: НЕ, не го допирајте, дајте и’ го на другата жена.Ќе ја исправиме Македонија на нозе, па кој сака нека биде на власт. Ќе не’ биде, стои во статусот на Димитров.
