Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров кажа од кои две работи како земја не можеме да се откажеме

Димитров кажа од кои две работи како земја не можеме да се откажеме

Mинистерот за надворешни работи, Никола Димитров во Топ тема на Телма изјави дека јазикот не е предмет на признавање од влади.

Вели дека како земја не можеме да се откажеме од две работи – идентитетот и меѓувладината конфереција за почеток на преговори со ЕУ.

„Во Договорот за пријателсто и соработка е дефинирано „македонски јазик согласно уставoт“ исто како што е дефиниран „бугарски јазик согласно Уставот“. И тука сме еднакви. Сега ова барање излегува од рамката на Договорот. За идентитетските прашања не може да преговараме, особено по Преспанскиот договор по кој во личната карта на ООН стои македонски јазик. Јазикот не е предмет на признавање мегу држави. Не може да се негира тоа право и од тоа не може да отстапиме“, рече Димитров. 

Вели дека незамисливо е процес на интеграција во ЕУ да отвара идентитетски предизвик. 

Од Бугарија деновиве имаше реакции за јазикот, но за ликот и делото на херојот Гоце Делчев, а можно е оваа соседна земја да стави и вето на нашите преговори со ЕУ. 

Слично

Поврзани вести