Димитров ја започнува „мисијата“ во Берлин, се сретнува со наследничката на Ангела Меркел
Никола Димитров, министерот за надворешни работи на Македонија, денес ја започнува својата мисија во Берлин и во наредните два дена ќе ги убедува тамошните политичари со своето влијание да придонесат земјата да добие Датум за преговори од Европската комисија.
„Добровечер Берлин: Следниве два дена, клучни средби за нашите европски перспективи! Имаме аргументи, и реформски и добрососедски. Нашиот успех, ќе биде успех и за регионот и за ЕУ. Убеден сум во тоа, а ќе ги убед(ув)ам и сите соговорници во Берлин“, напиша шефот на македонската дипломатија доцна синоќа на Фејсбук.
Предвидено е Димитров да се сретне со Анегрет Крамп-Каренбауер, новата претседателка на владеачката коалиција ЦДУ/ЦСУ која инаку до крајот на 2018 вкупно 19 години ја водеше канцеларката Ангела Меркел пред да си даде оставка.
На агендата на Димитров е ис редба со министерот за Европа, Михаел Рот, пратеници од Бундестагот, претставници од канцеларијата на Меркел. Вториот ден во Берлин ќе присуствува и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. Ќе се презентира напредокот на земјата и подготвеноста за пристапните преговори.
