Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров: Jа заокруживме куќата на нашата државност

Димитров: Jа заокруживме куќата на нашата државност

Mинистерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска на прес-конференција изјави дека еден голем товар од нашите плеќи е тргнат. 

Го решивме нашиот најголем надворешно - политички проблем, и ја заокруживме куќата на нашата државност, вели Димитров. 

„Заштитувајќи го тоа што е најважно, и разграничувајќи ја нашата од грчката Македонија. Имавме доблест да се соочиме со реалноста, да ја преземеме одговорноста“, вели Димитров. 

Додава дека сега се отвора патот кон ЕУ и НАТО, и кон поизвесна иднина за државата. 

„Ќе има маки, меѓутоа ќе биде многу полесно да се решаат“, рече Димитров. 

Тој вели дека се фатиле во костец со сериозните проблеми. 

Слично

Поврзани вести