Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров ја спореди политиката на Бугарија кон Македонија со онаа на Путин кон Украина

Димитров ја спореди политиката на Бугарија кон Македонија со онаа на Путин кон Украина

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров вечерва во Само вистина на Канал 5 ја спореди политиката на Бугарија кон Македонија со онаа на рускиот претседател Владимир Путин кон Украина. 

Како што Русија го спори идентитетот на Украинците и бара права за своето малцинство, истото го прави и Бугарија. Димитров вели дека ние не го спориме бугарскиот јазик, туку Бугарија го спори македонскиот јазик и го нарекува дијалект на бугарскиот. 

Неговиот соговорник во емисијата, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кажа дека македонскиот народ никого не напаѓал во историјата, но бил окупиран и асимилиран, а сепак опстанал. Димитриевски кажа дека со Договорот за добрососедство се одалечивме со Бугарија, наместо да се спријателиме. 

Димитров тврди дека имало мал напредок, но потоа како што рече „Бугарија ја преврте масата“. Екс министерот вели дека треба да се посветиме на другите прашања во државата. 

Слично

Поврзани вести