Димитров ја преживеа интерпелацијата, тој убеден во политиката што ја води
Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров доби доверба од парламентот при гласањето вчера.
Педесет и девет од пратениците го поддржаа Димитров, а 20 гласаа против него.
Барањето за гласање недоверба на министерот за надворешни работи беше поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која го обвинува Димитров во лоша изведба на своите должности, како и за потпишување на Договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанскиот договор со Грција, што според опозициската партија се загрозуваат националните интереси
Во говорот пред пратениците Димитров ги повика да ги здружат силите и да се фокусираат на приоритетите на државата.
„Поместивме планина со нашите пријатели од Грција. Убеден сум дека со исправна политика и имплементација на договорот ќе успееме да им покажеме и на противниците на договорот дека и тие се победници“ - напиша пак министерот Димитров на социјалните мрежи.
