Димитров: Изодевме долг пат, од нас зависи
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска на прес-конференција изјави дека сега од нас зависи и дека сме изоделе долг пат за да почнеме преговори со ЕУ.
Заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи рече дека ова Македонија го заслужила и дека тоа не е никаков подарок.
Премиерот Оливер Спасовски вели дека оваа одлука на ЕУ да ги почне преговорите со Македонија дава нова надеж и ќе ги мотивира сите во земјата.
Министрите за Европа и надворешни работи ја потврдија нацрт-одлуката на ЕУ за почеток на преговорите за прием на Македонија и Албанија. Истото ќе следи и на Самитот на лидерите на земјите-ченки в четврток. Денешната одлука се смета за најрелевантна за тоа дали Македонија по 15 години чекање ќе ги започне преговорите, а на 26 март треба само да биде формално потврдена.
