Димитров: „Илинден“ два пати го има во Уставот
„Не гледам во моментов посоодветен предлог околу кој и двете преговарачки страни имаат согласнот за решавање на спорот“, ова е ставот на министерот Никола Димитров по последниот предлог Република Илинденска Македонија, за решавање на спорот со името со Грција.
„Илинден го има во двете преамбули на Уставот. Тоа се двата столба на нашата државност и тешко е да си за Македонија, а да не си за Илинденска Македонија“ – додаде Димитров.
Во вечерашното издание на емисијата „Печат на неделата“ со Сашо Ордановски, освен министерот Димитров учествуваа и екс-шефот на дипломатијата Александар Димитров и надворешно политичкиот новинар и коментатор Љупчо Поповски.
МНР Димитров потврди дека предлогот Република Илинденска Македонија претходно го договориле заеднички со грчкиот колега Коsијас, по што ги информирале премиерите на своите земји, кои дополнително го разгледале и прифатиле пакетот, додека разговареле до доцна во ноќта за време на софискиот самит. Дополнитело Димитров потврди дека во пакетот за името, Грците се согласни дека ја признаваат македонската нација, а јазикот со овој предлог треба да биде македонскииспишан на латиница. – Со овој предлог се заканува нашинот идентитет, додаде тој.
По последните реакции во Грција и неприфаќањето на предлогот експресно откако премиерот Заев го објави јавно, екс-шефот на дипломатијата Александар Димитров реакциите ги доживува како ладен туш, потецирајќи неминовно е дека во ваквиот епилог вмешаност има и Кремаљ. Дополнитено Димитров улогата на Заев во процесот ја смета за вид на „шаховски гамбит“.
