Димитров и Коцијас се дружеа во Крушево
Никола Димитров и Никос Коѕијас, двајцата поранешни министри за надворешни работи на Македонија и Грција и потписници на Преспанскиот договор, имаа средба во Крушево.
Двајцата дискутираа со седумдесетина млади лидери од 20 европски држави, во организација на Младинскиот сојуз.

„Искрена и инспиративна дружба со Никос Коцијас и со исклучителни млади луѓе од повеќе европски држави“, напиша Димитров на Фејсбук.
Тој му се заблагодари на Коѕијас за посетата и подарокот - книга посветена на преговорите и Преспанскиот договор.
Слично
