Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров и Катругалос се докажуваа пред НАТО во Вашингтон

Димитров и Катругалос се докажуваа пред НАТО во Вашингтон

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на Самитот на министрите за надворешни работи во Вашингтон истакна дека партнерскиот ангажман во мисијата во Авганистан, како и стратешката поддршка што Македонија ѝ ја овозможи на Алијансата за време на интервенцијата во 1999 година врз Србија се доказ дека земјата е сојузник на НАТО.

Димитров со грчкиот министер за надворешни работи Георгиос Катроугалос во Вашингтон го објаснуваа значењето на Преспанскиот договор, зачленувањето во НАТО, но и руското мешање во регионот на 70-годишниот јубилеј на воениот сојуз.

- Навреден сум кога некои земји, или аналитичари велат дека правиме нечија туѓа агенда. Ова е за нашата земја да ја направиме многу постабилна во друштво со група земји што се грижат за човековите слободи, за владеење на правото и за демократските институции. Ова го правиме за нас самите, имаме целосна поддршка од нашите граѓани - рече Димитров пред аудиториумот.

Во полна сала на мултимедијалниот центар „Антем“, Димитров имаше заедничка сесија со грчкиот министер за надворешни работи, Георгиос Катроугалос. Двајцата зборуваа за значењето на Договорот од Преспа, за процесот на зачленување на Македонија во НАТО, но и за руското мешање и негодување на тој процес.

Според Димитров, пристапувањето на Македонија во НАТО ќе ги забрза реформите кои се бараат од земјата.

„Целта не е само формално да се биде членка, туку да се реализира и процесот на реформи. Самото зачленување, воедно ќе биде и од помош во постигнувањето на тие реформи“, објасни Димитров на панел-дискусијата во Вашингтон.

Катругалос рече дека Пресписскиот договор потпишан меѓу двете земји во јуни 2018 година, кој го реши речиси триесетгодишното прашање за името, е " договор за целиот Балкан ".

Спогодбата, рече тој, е "Победа за двете земји. И двете страни ги осигураа нашите витални интереси, а Грција ја потврди својата улога како извозник на стабилноста во регионот".




Слично

Поврзани вести