Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров и Христодулидис ќе потпишат воспоставување дипломатски односи

Димитров и Христодулидис ќе потпишат воспоставување дипломатски односи

На неформалниот министерски состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во Хелсинки, шефотвите на дипломатиите на Македонија и Кипар - Никола Димитров и Никос Христодулидис потврдија дека двете двжави ќе воспостават дипломатски односи, јави МИА.

- На маргините на состанокот, се очекува министерот Димитров да оствари и повеќе билатерални средби со свои колеги, а со кипарскиот министер за надворешни работи, предвидена е и церемонија за потпишување на документ за воспоставување на дипломатски односи со Република Кипар, соопштија од Министерството за надворешни работи на  Македонија.

Кипарското МНР потврди дека на маргините на советот, Христодулидис заедно со Димитров ќе потпишат заедничка декларациуја за воспоставување дипломатски односи меѓу Кипар и Северна Македонија.


Слично

Поврзани вести