Димитров: Главна тема на претседателските избори треба да биде иднината, а не минатото
Главна тема на претседателските избори треба да биде иднината, а не минатото. Тоа ќе биде судир меѓу надежта и стравот, изјави Никола Димитров, министер за надворешни работи во неделното интервју за РСЕ.
„Ние имавме одличен извештај минатиот јуни и ЕУ рече дека патот до преговорите се исцртува. Одлуката ја проектира за јуни оваа година. Ќе биде голем проблем за кредибилитетот за целиот пристапен процес за политиката на ЕУ кон Балканот, ако не се подржи успехот на нашата земја која успеа да си го расчисти патот кој беше забарикадиран сериозно последниве години од 2005. Мислам дека е од голема важност иднината на СЈО. Тоа е важно“, вели Димитров.
Ако испорачаме уште некои работи ќе имаме добра кондиција по европските избори да ни дозволат да го почнеме патот кон Европа, додава Димитров.
