Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров: Ердоган ќе ни испрати помош

Димитров: Ердоган ќе ни испрати помош

Никола Димитров, министерот за надворешни работи, на денешната заедничка прес-конференција со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција, ќе испрати помош за Македонија во справувањето со епидемијата.

- Реџеп Таип Ердоган денеска не извести за помош во маски, заштитни одела и тестови. Денеска тоа официјално ќе се најави.  Разговарав со Шведска за поддршка за малите и средни компании, како и со колегата од Берлин, Михаел Рот, кај кого испратив листа на консолидирани потреби, рече Димитров.

Тој рече дека во наредниот период очекува да се развијат и македонските капацитети за производство на маски и средства за дезинфекција

- Вирусот нема национална припадност, не може да се порази во една земја, а да остане во соседната, додаде Димитров.

За помошта од Кина тој рече дека Македонија добила политички позитивен одговор за помош во респиратори и друга опрема, но и дека најмногубројната земја е преплавена од барања од целиот свет

Слично

Поврзани вести