Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров до Каракачанов по враќањето од Софија: Има работи за кои нема дискусија

Димитров до Каракачанов по враќањето од Софија: Има работи за кои нема дискусија

Нико0ла Димитров, министерот за надворешни работи, по враќањето од Сфија каде што вчера се одржа Самитот на лидери во рамки на Берлинскиот процес за МИА вели дека „за некои работи може да се преговара, а за некои нема дискусија“, коментирајќи ги изјавите на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, кој исто така присуствиваше на средбата.

- Господинот Каракачанов има обврска и право да ги застапува бугарските позиции, како што ние имаме обврска и право да ги застапуваме македонските позиции. Ама и ние и тие имаме и обврска да се грижиме за пријателството. Сакам уште еднаш да потенцирам дека има некои работи за кои можеме да разговараме, и некои работи за кои нема дискусија, нагласи Димитров.

Според шефот на македонската дипломатија, новата методологија за проширување на ЕУ вели дека „сите треба да се воздржат од злоупотреба на билатералните прашања во пристапниот процес. Тој додаде самоопределувањето и взаемната почит се вредности на кои ЕУ треба да се проширува, а не како што вели, преку нивно загрозување.

-Со други зборови, нема компромис околу нашето право на самоопределување. Македонското бидување не загрозува ничие друго, а взаемната почит е основа за секое вистинско пријателство. Тоа се универзални човекови права, вградени во вредностите на ЕУ и Унијата треба и може да се проширува само преку афирмација на тие вредности, никако преку нивно загрозување. Впрочем, како што вели и - порача Димитров.

Тој вели дека дипломатијата деновиве работи интензивно на, според Димитров, заедничката европска иднина пред клучниот 17 ноември кога министерскиот совет на ЕУ ќе одлучи за преговарачката рамка.



Слично

Поврзани вести