Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров: Целта на реформите е суштинска трансформација

Димитров: Целта на реформите е суштинска трансформација

МНР соопшти дека министерот Никола Димитров ја реафирмирал приоритетната цел во односите со Европската Унија - почеток на преговорите за пристапување во Унијата и подвлекол дека реформските процеси во Македонија имаат долгорочна и далекусежна мисија. 

„Посветени сме на изградба на стабилно и просперитетно европско општество во кое медиумите ќе бидат слободни, ќе владее правото и функционален систем на „спреги и кочници. Целта на реформите е да овозможат суштинска трансформација“, рекол Димитров.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во Европскиот парламент во Стразбур имаше излагање во рамките на 14-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет, Република Македонија - Европска унија. 

Слично

Поврзани вести