Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитров: Целиот демократски свет не повика сами да си го почитуваме Уставот

Димитров: Целиот демократски свет не повика сами да си го почитуваме Уставот

Поранешниот амбасадор Никола Димитров за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека изборот на Талат Џафери е извршен надвор од Уставот и Деловникот, како и за тоа дека одлуката на претседателот Иванов да не го даде мандатот на Заев со изговор дека ја штити унитарноста се сосема невистинити и неуставни.

- Не треба да се биде правник за да се разбере. Во парламентарна демократија, каква што е Македонија, владее мнозинството во Собранието. Ниту претседателот има право тоа да го спречи (затоа Уставот вика "должен е"), ниту првата седница смее да се узурпира за да не се конституира Собранието (реплики што не се реплики, бегање од темата, бегање од гласање). Затоа кога МВРО вика неуставно, незаконски, или не знае што зборува или свесно лаже, бидејќи нема каде. Зошто впрочем целиот демократски свет повика да го почитуваме сопствениот Устав? Сите дејствија да се спречи мнозинството да владее се пуч и агресија врз Уставот и Македонија, оценува дипломатот Никола Димитров.


Слично

Поврзани вести