Димитров: Брисел мора да ја препознае успешната приказна
Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров во интервју за Фајненшел тајмс вели дека Северна Македонија очекува да добие зелено светло од ЕУ и годинава да ги почне прегoворите за членство.
Тој вели дека Брисел мора да ја препознае успешната приказна и да не ги отфрла аспирациите на Скопје за евроинтеграција,
Димитров смета дека ЕУ ќе го изгуби влијанието на Западен Балкан и ќе ризикува да ги зајакне ривалите како што се Русија и Кина ако не го одобри „уверливиот случај” на Северна Македонија и не донесе одлука да започне преговори за пристапување на земјата.
„Ќе биде тешко да разговараат со крената глава за трајни поблиски врски меѓу Брисел и регионот, ако земјите-членки на ЕУ не успеат да ја потврдат одлуката за започнување на процесот на пристапување“, истакнува Димитров.
Фајненшел тајмс потсетува дека останува да се види дали Франција, Германија и Холандија ќе ги поддржат аргументите на многу европски дипломати дека балканската земја ги исполни обврските, вклучувајќи го и договорот за името со кој беше ставен крај на деценискиот спор со соседна Грција.
