Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИМИТРОВ: Бев нарекуван предавник, дури имав и закани, а други ми велеа дека сум херој

ДИМИТРОВ: Бев нарекуван предавник, дури имав и закани, а други ми велеа дека сум херој

Со Договорот од Преспа ѝ покажавме на Европа дека можеме да решаваме проблеми, изјави поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров. 

„Не бев задоволен и среќен да живеам во регион кој во Европа и светот е познат како регион на премногу проблеми, а премалку решенија“, рече тој. 

Димитров се осврна на тоа како Договорот од Преспа ќе се третира во Македонија и Грција кога на власт се партии кои биле против тој договор.

„На долг рок мора да избегнеме „војна на меѓусебни обвинувања“ меѓу Атина и Скопје за тоа кој колку го почитува или не го почитува Договорот од Преспа“, рече Димитров.

Димитров  сподели и лични моменти од периодот кога се склучуваше Договорот од Преспа.

„Јас имав ситуација каде во еден ден од едни бев нарекуван предавник, дури имав и закани кон мене лично и кон моето семејство, а други ми велеа дека сум херој. Во таква ситуација треба да бидете конзистентен, посветен и храбар. Без поддршка од лидерите тоа немаше да биде можно, но како што реков и во еден говор одредено време по потпишувањето на Договорот, проблемот кај министер за надворешни работи е кога правите работи што се исправни, кредитите ги зема премиерот, но кога ќе погрешите, вината е кај вас“ посочи тој.

Неговиот грчки колега кој исто така беше потписник, Никос Коѕијас го спореди потпишувањето на Договорот од Преспа со растење на бебе. 

Договорот од Преспа е потпишан на 17 јуни 2018 година во Нивици и со него се реши спорот за името меѓу Македонија и Грција. 

Слично

Поврзани вести