Димитриевски: ЗНАМ ќе има свој кандидат во Центар
Извесно е дека ЗНАМ ќе има свој кандидат во Центар поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Ова го потврди претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.
„Иако разговорите траат, повеќе од извесно е дека уште во првиот изборен круг ВМРО-ДПМНЕ ќе им даде поддршка на кандидатите за градоначалници на ЗНАМ во Куманово и Општина Центар“, кажа Димитриевски вечерва на ТВ Сител.
Тој вели дека постапката за неговата повторна кандидатура за Куманово формално не е завршена, додека за Центар во игра се повеќе имиња, за кои течат анкети.
Димитриевски потврди дека еден од можните кандидати за Центар е актуелниот заменик-министер за енергетика Мирослав Лабудовиќ.
фото принтскрин
Слично
