Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДИМИТРИЕВСКИ ЗА ПОЖАРИТЕ: Срамота е веќе да се бара помош од страна, а да не издвоиме сопствени средства

ДИМИТРИЕВСКИ ЗА ПОЖАРИТЕ: Срамота е веќе да се бара помош од страна, а да не издвоиме сопствени средства

Не сме суштински подготвени да се справиме со пожарите, срамота е веќе да бараме помош од страна, вели кумановскиот градоначалник и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски. 

Како што изјави Димитриевски во дневникот на ТВ Сител, „срамота е веќе да се бара помош со хеликопери и друг тип возила од страна, а да не издвоиме сопствени средства за ваква намена“.

„Факт е дека во одреден момент не сме подготвени како држава суштински да се справиме со овие проблеми и затоа ни гори државата. Верувам дека оваа Влада ќе собере сила и ќе набави дополнителна опрема, зашто сигурноста и безбедноста на граѓаните треба да биде приоритет. Веќе разговарав со премиерот на оваа тема и верувам дека во следниот период ќе излезат со решенија“, изјави вечерва Димитриевски. 

Пожари има во Дојран, Пехчево, во Старо Нагоричане, во околината на Свети Николе. 

Македонија при поголеми пожари бараше помош од неколку држави. 

фото Фејсбук/Максим Димитриевски

Слично

Поврзани вести