Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитриевски: Во Куманово има место за сите и за Бугарите, тоа што барам е взаемно почитување

Димитриевски: Во Куманово има место за сите и за Бугарите, тоа што барам е взаемно почитување

Во Куманово има место за сите и за Бугарите, тоа што барам е взаемно почитување, вели кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. 

Тој на вечерашната свечена седница по повод 78 години од ослободувањето на Куманово изјави дека во Општина Куманово нема поделби по ниту еден основ туку напротив, во Куманово има место за сите и за Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи, Црногорци, Хрвати, Бугари и сите други заедници кои се почитуваат и си помагаат меѓусебно. Но, вели дека се бара взаемно почитување, уважување и признавање, бидејќи ако сакате некој да ве почитува првенствено треба да го почитувате.

„Во Куманово нема поделба ниту по партиска, ниту по каква била друга припадност, затоа што за интересите на граѓаните ние мораме да сме сложни и да работиме заедно без разлика на нашите различни, политички и општи убедувања. Наша должност е да го подобриме квалитетот на живот на кумановци, а тоа ќе го направиме единствено доколку заеднички конструктивно дискутираме, дебатираме и носиме проекти во нивен интерес, па по можност и со консензус. Вака треба да функционира една општина која првенствено припаѓа на граѓаните, а не на политиката“, порачува Димитриевски.

Тој додаде дека „Куманово е градот на гордоста, на соживотот, градот на шегата и градот на антифашистичката борба. Инаку, власта повика на единство со цел да се реализираат уставните измени, односно да се внесат Бугарите во Уставот. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести