Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитриевски вели „Нашите деца дома заспиваат со Јутјубот“, за Димитров видеото е грозно

Димитриевски вели „Нашите деца дома заспиваат со Јутјубот“, за Димитров видеото е грозно

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вечерва во Само вистина на Канал 5 изјави дека час поскоро треба да се донесе закон и да се регулира јутјуб сферата, по скандалозното интервју на новинарот Драган Павловиќ Латас и јутуберот Стефан Лазаров, каде новинарот зборува за своето сексуално искуство од минатото кое поттикна бурни реакции. 

„Нашите деца дома заспиваат со Јутјубот“, рече Димитриевски. 

Тој кажа дека ова не е единствена ерозија во општеството. 

Екс министерот за надворешни работи, Никола Димитров додаде дека во редакциите има некој кодекс, но дека во овој дел со јутјубот каскаме и дека родителите мора да внимаат што гледаaт децата. Димитров вели дека ако кажаниот збор повикува на насилство, повредува, мора државата да реагира. Според него, во таа трка за гледаност е полесно со вулгарност да се заработат следбеници. Рече дека видеото е грозно. 

Видеото е тргнато од Јутјуб. 

Слично

Поврзани вести