Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитриевски со порака: Партизаните прво биле малку, победиле во илјадници, ги водела љубовта и идеологијата

Димитриевски со порака: Партизаните прво биле малку, победиле во илјадници, ги водела љубовта и идеологијата

Објава која може да се разбере како порака и до сопартијците од СДСМ објави синоќа повторно кумановскиот градночалник Максим Димитриевски. Тој во последно време често ги кажува своите ставови кои се доста цврсти во однос на историјата и односот кон Бугарија. Велеше дека Владо Бучковски е грешка, лапсус, а пред три дена имаше конфротација и со Петре Шилегов, скопскиот градононачалник,. негов сопартиец.

Во синоќешната објава на фексбук, на која повеќето му даваат поддршка тој вели: 

„Историјата многу често се повторува, за жал секогаш не чини повеќе и поскапо. Партизаните на почетокот биле во мал број, војната ја завршиле во илјадници и како победници - ги водела идеологијата и љубовта кон својот народ и земја, вели Димитриевски.

Инаку, откако скопскиот градоначалник Петре Шилегов во вторникот во телевизиски настап на една од телевизиите, го нарече неговиот партиски и колега по должност од Куманово, Максим Димитриевски, неспособен и лицемерен, прозваниот одговори дека нема време да се занимава со „промискуитетни“ изјави.

На прашање на телевизијата Алфа како ќе ја коментира ваквата квалификација од страна на скопскиот градоначалник, Димитриевски вели дека е посветен на проектите во општината со која раководи.

„Немам време да коментирам такви промискуитетни ставови, посветен сум на реализација на проекти за подобрување за инфрасатруктурата во Куманово“, рече Димитриевски за Алфа.

.


Слично

Поврзани вести