Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитриевски: Сакаат Куманово да го претворат во свој пашалак

Димитриевски: Сакаат Куманово да го претворат во свој пашалак

Актуелниот градоначалник на Општина Куманово, Маским Димитриевски кој собра потписи и е кнезависен андидат за градоначалник, реагира на изјавата на шефот на изборниот штаб на партијата Љупчо Николовски, според која тој повеќе не е член на СДСМ. 

Вели дека е разочаран и искрено жали за таквата шверцерска, полноќна одлука на поединци на раководството на СДСМ. Димитриевски рече дека таквата одлука не е легитимна, не е во согласност со статутот на СДСМ, затоа што треба да ја донесе Извршниот, па потоа Централениот одбор, а таква седница не се одржала. 

„Небулозата дека сам себе сум се исклучил не би ја коментирал. Но како и да е, тоа кажува за демократскиот капацитет во партијата и го потврдува мојот став искажан неодамна, дека СДСМ е узурпирана од неколкумина кои со своите интриги и манипулации предизвикуваат огромна разочараност и штета кај членството, симпатизерите и поддржувачите, и сакаат Куманово да го претворат во свој пашалак. Кумановци тоа нема да го дозволат. Јас по убедување сум социјалдемократ, со јасна и прецизна социјалдемократска идеја, мисла и визија. И никој, ама баш никој, тоа не може да ми го одземе. Куманово е револуционерен град и на 17 октомври кумановчани ќе го покажат својот непокор и пркос, упатувајќи силна порака кој на кого му свртел грб", се вели во писмената изјава на Максим Димитриевски.

Откако тој објави дека како независен ќе оди на избори, и ќе ја бара довербата за втор мандат, од партијата ги обвинија дека им свртел грб на граѓаните. 

ВМРО-ДПМНЕ, реагирајќи на последната понуда од страна на СДСМ за градоначалници на престојните локални избори, коментира дека кандидатот за Куманово, Оливер Илиевски, му е братучед на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Слично

Поврзани вести