Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитриевски: Потребно е час поскоро оваа власт која што лошо работи да си оди

Димитриевски: Потребно е час поскоро оваа власт која што лошо работи да си оди

Kумановскиот градоначалник Максим Димитриевски во интервју за Радио слободна Европа вели дека МВР се злоупотребува за политичко поткусурување. 

„И наместо да ги трошат ресурсите суштински, и да се сузбива криминал, МВР ги троши на работи за кои што однапред се знае дека не постојат елементи на било какво сторено кривично дело“, вели Димитриевски. 

Кажа дека за предвремените избори одлучува мнозинството во Парламентот. 

„Моето субјективно мислење е дека секои избори се тест за демократијата во државата и потребно е час поскоро оваа власт која што лошо работи, лошо менаџира со државата да си оди. Да дојдат одговорни луѓе со јасен концепт, визија како чесно и достоинствено ќе ја придвижат Македонија да тргне напред, бидејќи ние сме држава која во континуитет стагнира“, додава тој. 

Рече дека секојдневно расте криминалот, корупцијата, злоупотреба на јавни функции. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести