Димитриевски: Oва беше „борба на Давид и Голијат“, граѓанскиот концепт успеа да ги победи сите политички субјекти
Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска изјави дека граѓанскиот концепт успеа да ги победи сите политички субјекти и партии.
Тој се заблагодари на граѓаните за поддршката во вчерашниот изборен ден.
„Еве еден ден по изборите сакам да се заблагодарам во мое лично име како кандидат за градоначалник и во име на кандидатската листа за советници поддржана од граѓаните „За наше Куманово“ за големата поддршка која вчера ја добивме од кумановчани и воедно да упратам порака првенствено и до тие коишто нѐ поддржаа, но и до тие кои не успеавме во првиот изборен круг да ја добиеме нивната поддршка дека ќе направиме се за да се здобиеме со вашата доверба“, рече тој.
Димитриевски рече дека ова беше „борба на Давид и Голијат“. Вели дека ќе тропнат на секоја врата и ќе побараат поддршка. Тој во вториот круг ќе ги одмери силите со кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски.
Слично
