Димитриевски: На СДСМ му се потребни реформи и најмалку што му е потребно е да избира лидери кои се во сенка на поединци
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски им посака успех на кандидатите кои се во трка за лидер на СДСМ, и кажа дека нема да коментира имиња, ниту пак ќе се меша во внатрепартиски постапки за избор на претседател.
Вели дека на Социјалдемократскиот сојуз му се потребни суштински реформи и најмалку што му е потребно во овој момент е „да избира лидери кои се во сенка на поединци“.
„Во една прилика реков и повторно ќе повторам без разлика на студениот однос на мојот политички субјект и на раководството коешто во моментов менаџира со него, на Социјалдемократскиот сојуз му се потребни суштински реформи и најмалку што му е потребно во овој момент е да избира лидери кои се во сенка на поединци“, рече Димитриевски.
За лидерското место во партијата се кандидираа Јован Деспотовски, Димитар Ковачевски и Фросина Ременски.Зоран Заев си заминува од лидерското место. Тој си поднесе оставка по лошите избори резултати во вториот круг од локалните избори.
фото Фејсбук
