Економија, финансии, бизнис

Контакт

Димитриевски: Kој се обидува да го наруши соживотот во Куманово?

Димитриевски: Kој се обидува да го наруши соживотот во Куманово?

Kумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски прашува кој се обидува да го наруши соживотот во Куманово и дали она што се случи е само изолиран инцидент. 

„Дали концертите кои пред пет дена го наполнија плоштадот со млади Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци, Власи, Бошњаци, Црногорци и други можеби вознемирија поедини политички субјекти и самопрогласени авторитети па навлегуваат во веќе видени сценарија? Чекам одговор од Спасовски, Ковачевски и Ахмети?“, напиша на Фејсбук градоначалникот на Куманово.

Објавено беше видео на кое се гледа како поголема група мава две момчиња, а полицијата и обвинителството веќе ги идентификувале и повикале на распит. 

Слично

Поврзани вести